Манчестер сити одреди колку може да плати за Иско

Шампионот во Премиер лигата, Манчестер сити е заинтересиран во своите редови да го донесе играч од средниот ред на Реал и шпански репрезентативец Иско.

Според „Дон Балон“ англискиот клуб е подготвен да плати 75 милиони евра за евентуален ангажман на иско.

Тренерот на „граѓаните“ Јозеп Гвардиола, во Иско гледа долгорочна замена за Давид Силва.

Дваесет и шестгодишниот Иско оваа сезона настапи на 25 натпревари за Реал и постигна четири гола со една асистенција.

Би можело да ве интересира

Реал Мадрид нема да разгледува понуди за Варан

Реал Мадрид ќе потпише договор вреден 1 милијарда евра

Лоши вести за Реал Мадрид, Рамос се повреди

Реал ветил дека ќе го олесни трансферот на Бејл

Во Франција: Рабио и Реал Мадрид постигнаа договор

Познато колку бара Погба, за да премине во Реал Мадрид