Харадинај: Косово е среќно што е претставувано од Дуа Липа

Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај ѝ честита на пејачката по потекло од Косово, Дуа Липа за освоените две признанија на синоќешното доделување на музичките награди „Греми“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Харадинај на својата страница на „Фејсбук“ напиша дека „Дуа уште еднаш докажа дека со работа и талент се преминуваат сите граници“.

„Честитки Дуа! Косово е среќно што во светот се претставува со твоето име“, напиша Харадинај.

Дуа Липа ги освои нагрaдите „Греми“ за најдобар млад уметник и за најдобра ритмичка песна, за нумерата „Електрисити“.

Би можело да ве интересира

Селими: Нема да ја уриваме Владата на Харадинај преку Белград

Sandra Boshkovska

Хоти: Тачи, Харадинај и Весели го кршат Уставот

Sandra Boshkovska

Соња Бисерко во Приштина, средба со премиерот Харадинај

Sandra Boshkovska

Харадинај: Ниту Тачи, ниту јас не сме сопственици на Косово

Sandra Boshkovska

Харадинај го поздрави потпишувањето на Протоколот за Македонија во НАТО

Sandra Boshkovska