При претрес на куќа во Скопје пронајдена марихуана, амфетамини, хашиш-масло

Секторот за внатрешни работи Скопје информира дека поденеле кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Скопје против 27-годишниот Г.Ѓ., поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик на Република Македонија.

На 27-годишниот маж пред само неколку дена, како што посочија од МВР, врз основа на судска наредба му бил извршен претрес во домот, каде што пронајдени биле марихуана, амфетамини, хашиш-масло и други предмети.

Лицето, велат од МВР е приведено и задржано во полициска станица за понатамошна постапка.

Би можело да ве интересира

Илиноис ја легализираше марихуаната

A1on

Во Тетово нападнат и повреден полицаец кој бил на интервенција со службата за подигнување возила

A1on

Притвор за велешанец, се заканувал на нотар од Кавадарци

A1on

Расчистено убиство во Струмица, убиецот притворен

A1on

Мајката на убиениот Пино бара санкции за инспекторите кои го водеа случајот

Кристијан Ландов

Приведени двајца скопјани осомничени за продажба на марихуана

A1on