Хуманитарна изведба на претставата „Ревизор“ на ФДУ

Студентите по актерска игра од четврта година на Факултетот за драмски уметности вечер ќе ја изведат на претставата „Ревизор“. Влезот на претставата е со донации во висина од можностите и желбата на посетителите.

Средствата што ќе се соберат ќе и бидат предадени на Снежана Караџовска, која во сообраќајна несреќа ги изгуби двете нозе над колена. Таа треба да направи операција во болницата „AOFE“ во холандскиот град Утрехт, каде што ќе добие протези и обука за кликпротези и ќе може повторно да прооди.

На влезот во салата, пред почетокот и по завршувањето на претставата, ќе биде оставена кутија, каде посетителите ќе можат да ги донираат средствата.

Претставата „Ревизор“ е испит по предметот актерска игра 4 на студентите од катедрата за драмски актери-четврта година во класата на профeсор Мими Таневска и Ангелчо Илиевски.

Ликовите ги толкуваат: Антон Антонович – Томислав Давидовски, Ана Андреевна – Стефанија Митовска, Марија Антоновна – Наталија Ристеска, Лука Лукич Хлопов – Благој Јовановски, Амос Фјодорович Лјапкин Тјапкин – Виктор Велевски, Артемиј Филипович Земљаника – Исмет Шабановиќ, Иван Кузмич Шпекин – Стефан Спасов, Петар Иванович Допчински – Дарко Ристовски, Петар Иванович Бопчински – Марјан Наумов, Иван Александрович Хлестаков – Кристијан Танчевски
Февроња Петровна Пошљапкина – Елена Кузманов, Подофицерката Ивановна – Ана Димитрова.

Претставата „Ревизор“ беше наградена за најдобра претстава на фестивалот „Dioniz 2018“, што се одржува во Џаково, Хрватска.