Министерот Хасан на Евроазискиот економски самит во Истанбул

Министерот без ресор задолжен за странски инвестиции, Елвин Хасан денеска ќе престојува во работна посета на Турција, каде ќе учествува на 22. Евроазиски економски самит и ќе има средби со претставници на бизнис заедницата, меѓу кои и големи компании што покажале интерес за инвестирање во Македонија.

Според најавата, пред учесниците на Евроазискиот економски самит во Истанбул, министерот Хасан ќе има обраќање на тема „Интегрирање на Република Македонија во ЕУ и НАТО и можностите за инвестирање”. Тој ќе ги презентира поволностите за инвестирање во Македонија и очекуваната подобрена економска клима што ќе следи со интегрирањето во НАТО и ЕУ.

На самитот, како што соопшти Кабинетот на министерот Хасан, ќе учествуваат актуелни и поранешни претседатели, премиери, министри, личности од општествениот и политичкиот живот, невладиниот сектор и бизнис заедниците од 40-тина држави.

Организатор на Евроазискиот економски форум е Мармара фондацијата, група за економски и општествени истражувања чија цел е унапредување на односите меѓу ЕУ и земјите од Централна Азија и Блискиот Исток.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: „Метлата“ на Заев – неуспешна шминка за лошите политики

Галена Николовска-Ризвановиќ

Јовановиќ: Метлата требаше да ги фати оние кои местеа милионски тендери

A1on

Ревматолог за култура, финансиски консултант за екологија, инженер за политички систем

Мери Јордановска

Биографијата на Заев за министер за финансии како во времето за Тито

A1on

Наместо да мете криминал и неспособност, со метлата Заев се назначи и за министер за финансии

A1on

Твитер: Да го ставиме Заев и директор на МКЦ, па на банкнота од 5000 денари

Кристијан Ландов