„Халкбанк“ по грабежот: Ситуацијата е под контрола, нема повредени

Од:

По информацијата дека вооружени разбојници ја ограбиле филијалата на „Халкбанкa“ во Визбегово, од банката велат дека во инцидентот нема повредени.

„”Халкбанк АД Скопје’ ја известува јавноста дека нема повредени и дека ситуацијата е ставена под контрола од страна на надлежните институции кои работат на расветлување на случајот. Халкбанк воедно ги известува сите свои клиенти дека нивните средства се осигурени согласно политиките на Банката“, велат оттаму.

Според првичните информации, вооружените лица влегле во банката и им се заканиле на вработените,  потоа одзеле непозната сума пари и избегале од местото со автомобилот со кој биле и дојдени пред да го извршат грабежот.

Се очекуваат подетални информации од МВР.

Би можело да ве интересира

Ограбена е менувачница во Чаир

30 милиони долари украдени во историски грабеж во Лос Анџелес

(ВИДЕО) Снимка од грабежот во скопско Црниче, крадците го изнесуваат сефот

Орце Костов

Насилници барале пари од момче, па го раниле со нож

Горан Наумовски

МВР: Приведени се разбојниците кои пукаа и ограбија кумановец

Вооружен грабеж на банка во Илинден, одземена е голема сума на пари

Александар Тодески