Дескоска-Рахман-Хоџиќ: Унапредување на заштитата на правата на немнозинските заедници

Министерката за правда Рената Дескоска се сретна со директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, Илхан Рахман и заменик-директорот на Агенцијата, Џелал Хоџиќ, кои до Министерството за правда го доставија Предлог-законот за унапредување и заштита на правата на припадниците на заедниците кои се помалку од 20 отсто од вкупното население во Република Македонија.

Од Министерството за правда соопштија дека измените и дополнувањатa на овој закон се во насока на поголемо афирмирање на концептот „Едно општество за сите“.

Секој граѓанин е важен, па во таа насока е и унапредувањето и заштитата на правата на сите немнозински заедници во Република Македонија. Овој Предлог-закон кој беше подготвен од страна на Агенцијата за унапредување на правата на заедниците наскоро ќе биде објавен на Единствениот национален рагистар на прописи (ЕНЕР), посочуваат од Министерството.

Како што информираа од АОПЗ, главна цел на овие измени и дополнувања на законот е да се подобри состојбата со имплементација на правата на заедниците, да се олесни следењето на степенот на нивното остварување и да се обезбеди надзор над реализација на овие права од страна на институциите на централно и локално ниво.

Директорот на АОПЗ, Рахман истакна дека предлог-законот е подготвен од страна на инклузивна работна група формирана од страна на Агенцијата за унапредување на правата и дека наскоро и јавноста ќе може да ги достави своите коментари и предлози за подобрување, откако текстот ќе биде објавен на ЕНЕР.

При изготвување на предлог измени и дополнувања на Агенцијата за остварување на правата на заедниците доби поддршка од страна на Европската Комисија преку инструментот ТАИЕКС, како и од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, стои во соопштението од Министерството за правда.

Би можело да ве интересира

Министерството за правда го чека предлог законот за СЈО од ВМРО-ДПМНЕ

Ана Ололовска

Ристовски: Министерството за правда не може да бара ревизија на азилот на Груевски

Дескоска очекува позитивна оценка за судството во Извештајот на ЕК

Ана Ололовска

Независниот синдикат на затворската полиција задоволен од министерката Дескоска

Ана Ололовска

Дескоска: Нема веќе злоупотреби на АКМИС системот во судовите

Ана Ололовска

Заев оптимист, за Дескоска се е можно во преговорите за СЈО

Ана Ололовска