Поради снегот забрана за сообраќај на камиони на патот Маврово – Дебар

Поради интензивни врнежи од снег на патниот правец крак Маврово – Дебар, утрово во 7:30 часот, воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила, соопшти Автомото сојузот на Македонија.

На останатите патишта во државата сообраќајот се одвива во зимски услови по влажни коловози, на некои повисоки места има остатоци од кашест снег на коловозот. Слаб снег провејува на планинскиот превој Буково.

Намалена видливост поради магла од 100 до 150 метри има на патните правци Битола – Прилеп, Битола – Демир Хисар, Битола – граничен премин Меџитлија, до 50 метри на патните правци Куманово – Свети Николе и Велес – Градско и од 20 до 30 метри на патниот правец Берово – Виница.

Би можело да ве интересира

Крстосницата кај Усје утре затворена за сообраќај поради протест

A1on

Зголемен интензитет на граничните премини Богородица и Табановце, се чека околу 30 минути

A1on

Утре посебен сообраќаен режим поради концертот на Здравко Чолиќ

A1on

Од утре привремен режим на сообраќајот на булеварот „Партизански одреди“

A1on

Утре посебен сообраќаен режим на „Илинденска“

A1on

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози, на граничните премини нема подолги задржувања

A1on