„Вог“ се откажува од печатеното издание и преминува на дигитално

Во обид да пронајде нов извор на приход, популарното модно списание „Вог“ ќе добие нова, дигитална верзија.

„Вог Бизнис“ ќе се занимава со теми, кои ќе ги интересираат деловните луѓе од модната индустрија, како и од индустријата за убавина и козметички производи, а ќе има само онлајн издание.

Новиот портал ќе покрива теми за промените на пазарот, културните движења, трендовите и технологиите, кои ќе влијаат врз модната индустрија.

„Вог Бизнис“ ќе започне како билтен, кој ќе се објавува двапати неделно, а ќе го уредува Лорен Индвик. На проектот ќе работат вкупно 21 лице, од кои шест новинари. Иако новото издание на „Вог“ на почеток ќе биде бесплатно, многу брзо читањето статии ќе почне да се наплаќа.

Станува збор, како што велат аналитичарите, за сѐ повеќе популарен тренд кај медиумите, односно специјализација на својата публикација. Така се привлекува помала, но побогата публика, наместо бројни читатели и уште побројни огласувачи.

Лансирањето на новиот портал доаѓа во време на се поголеми отпуштања во американските медиумски куќи, наведува Би-Би-Си, како што се „Хафпост“, „Базфид“ и „Ганет“, кои минатата година отпуштија околу илјада работници.

-Во предизвикувачки период за медиумите, лансирање на нов глобален наслов е вистинска реткост, изјави Волфганг Блау, претседател на Конде Наст Интернешнал, кој го води овој проект.

Би можело да ве интересира

„Гучи“ ја воведува вештачката интелигенција во модата

A1on

Очилата за сонце имаат рок на траење

A1on

Првиот ангел на Викторија Сикрет со облини

A1on

ВИДЕО: Манекен почина на ревија во Сао Паоло

A1on

Нова Адидас колекција на облека и обувки во соработка со Бијонсе

A1on

Маја Кикириткова ја претстави својата нова колекција „Елеазар“

A1on