Истекува рокот за апликации за мерка 3 од ИПАРД програмата

Рокот за доставување апликации на јавниот повик за Мерка 3 од ИПАРД Програмата која се однесува за инвестиции во материјални средства во преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи истекува денеска.

Со повикот им се овозможува на домашните претпријатија и на земјоделските задруги да инвестираат во отворање преработувачки капацитети и опрема. Педесет отсто од инвестицијата ќе им биде кофинансирана, односно финансиските средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка. Притоа, 75 отсто од средствата кои ќе бидат кофинансирани ќе бидат обезбедени од инструментот за претпристапна помош за рурален развој на европската унија ИПАРД 2014- 2020, а 25 отсто од државниот Буџет.

Со Мерка 3 од ИПАРД Програмата на располагање се 13,2 милиони евра. Таа се однесува на преработувачки капацитети за млеко, млечни производи, месо и производи од месо вклучително и јајца и живина, овошје, житарици, мелнички продукти, вино и шира. Дополнително, финансиската поддршка се зголемува за 10 отсто доколку се работи за инвестиции во згради или опрема чија намена е да се подобри енергетската ефикасност.

Земјоделските стопанства имаат уште 10 дена за подготовка на апликации за Мерка 1 „ Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства“. Рокот за доставување апликации за оваа мерка завршува на 9 февруари.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Потпишани првите договори од ИПАРД 2 за инвестиции во пеработувачки капацитети

A1on

(ВИДЕО) Николовски: Креираме развојни политики за млекопроизводството

Sandra Boshkovska

Николовски: Нови мерки за поддршка во земјоделството со развојна компонента

Sandra Boshkovska

Голем интерес на прилепските земјоделци за механизација преку ИПАРД-програмата

A1on

(ВИДЕО) Николовски: Досега реализирани околу 5 милиони евра инвестиции преку првиот повик од ИПАРД 2

А1он

Бабовски: Утре истекува рокот за поднесување апликации за Мерка 3 по ИПАРД Програмата

A1on