Поради блокадата на владата затворен њујоршкиот аеродром „Ла Гвардија“

Њујоршкиот аеродром „Ла Гвардија“ од денеска е затворен за сообраќај, поради делумната блокада на федералната влада во САД. што резултираше со „недостиг на персонал“ за негово нормално функционирање, соопшти американската Сојузна воздухопловна администрација (ФАА).

Во соопштението на ФАА се посочува дека од денеска се стопираат сите летови кон и од „Ла Гвардија“, кој е најголем аеродром во САД за домашни авио линии.

Поради спорот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и демократите во Конгресот околу Буџетот, федералната администрација во САД делумно е блокирана веќе 35 дена.

Главна причина за спорот е одбивањето на демократите, во Буџетот да се предвидат 5,7 милијарди долари за изградба на ѕид на границата на САД кон Мексико, на што инсистира Трамп.

Би можело да ве интересира

Џорџ Сорос и други милијардери бараат данок на богатство во САД

A1on

Одделот за истражување на „Хуавеи“ во САД се обидува да изгради нов идентитет

A1on

Трамп најави строги санкции за иранскиот врховен водач

A1on

Уапсено лице кое планирало напад врз Амбасадата на САД во Брисел

A1on

Демократски дебати неделава во САД – прва предигра за изборите во 2020 година

A1on

Уште еден американски воен брод вплови во води близу Блискиот исток

A1on