Досега вакцинирани 2008 лица со МРП вакцина, хоспитализирани уште две деца и еден возрасен

Министерството за здравство информираше дека денеска до 13 часот на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се хоспитализирани уште две деца и еден возрасен, со симптоми на морбили. Тоа значи дека во моментов има 26 хоспитализирани пациенти од морбили.

Најмладиот пациент е бебе од 8 месеци, а највозрасната пациентка има 43 години од Скопје и е мајка на едно од заболените деца.

Сите новопримени пациенти имаат клиничка слика на заболени од морбили (мали сипаници).

Досега во сите вакцинални пунктови во Скопје вакцинирани се вкупно 2008 лица, а само денеска до 13 часот МРП вакцината ја примиле 104 деца.

Министерството за здравство повикува на вакцинација на децата, иако е прогласена епидемија од морбили.

„Има доволно количини од МРП вакцините.

Вакцините кои се аплицираат во сите здравствени домови се со проверен квалитет, од европски производител и имаат добар рок на траење“, велат од Здравство.

Би можело да ве интересира

Филипче: Од 1 ноември ќе се зголеми капитацијата на матичните лекари

A1on

Од 1 јануари 2020 година сите аптеки може да влезат во мрежата во Министерството за здравство

A1on

Здравство: Краен рок за пријавување на јавниот повик за изразување интерес за работа на доктори на медицина во ПЗЗ во ЗД

A1on

Минатата недела 70 нови случаи на мали сипаници, со МРП вакцинирани вкупно 29.857 деца до 14 години

A1on

Идниот месец почнува вакцинацијата за заштита на децата од пневмокок и рота вирус

A1on

Здравство: Нацрт текстот на Законот за лекарска дејност отворен за предлози од стручната фела, невладиниот сектор и граѓаните

A1on