Воведена забрана за камиони на патниот правец Дебар-Струга

Од превентивни причини денеска во 16:30 часот е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Дебар – Струга.

Како што соопшти Јавното претпријатие „Македонија пат“, сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, на места со остатоци од кашест снег по интервенција на дежурните служби. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

„Македонија пат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.

Граѓаните подетални информации можат да добијат на дежурниот телефон 02/ 25 61 502 или да ја посетат веб-страница www.makedonijapat.com.mk

Би можело да ве интересира

БиХ: Снег падна во повеќе општини во Босанска Краина и Чемерно

A1on

Словенија под снег, задолжителна е зимска опрема

A1on

Среде пролет, на Брач падна снег

A1on

Од пладне облачно со дожд и снег

Sandra Boshkovska

Промена на времето: Дожд, снег и пониски температури

Sandra Boshkovska

Автопатот Миладиновци-Штип не е пуштен за сообраќај, возачите да не го користат

Sandra Boshkovska