СП 2019: Хрватска го победи Исланд во дербито на групата „Б“

Репрезентацијата на Хрватска го совлада Исланд со 31-27 (16-14) во натпревар од групата „Б“ во која се наоѓа и репрезентацијата на Македонија.

Двете репрезентации одиграа изедначен натпревар, а клучна за победата на тимот на Лино Червар беше серијата од 6-0 во последните десетина минута, кога на семафорот стоеше 31-25 во корист на „коцкестите“. Исланѓаните успеаја да вратат два гола, но тоа беше се што успеаја да направат до крајот и со тоа го запишаа првиот пораз на Мундијалот.

Степанчиќ постигна 8, додека Циндриќ реализираше 6 голови за победниците, додека Палмарсон со 7 голови беше најефикасен кај Исланд.

Хрватска во второто коло ќе излезе против Јапонија, додека Исланд во недела за ривал ќе го има фаворитот Шпанија.

Би можело да ве интересира

Кадетите ги добија противниците за СП 2019

ИХФ го прогласи идеалниот тим, Хансен МВП

Наум Локоски

Данска „ја згази“ Норвешка во финалето на Светското ракометно првенство

Наум Локоски

Франција подобра од Германија во дуелот за третото место на ракометниот Мундијал

Наум Локоски

Шведска го освои петтото место на СП во ракомет

Наум Локоски

СП 2019: Шпанија преку Египет до квалификации за ОИ 2020

Наум Локоски