ВИДЕО: Мицкоски побара распуштање на Собранието и предвремени парламентарни избори

ВМРО-ДПМНЕ бара распуштање на Парламентот и организирање вонредни парламентарни избори заедно со претседатрелските. На овие избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, а волјата на граѓаните ќе биде испочитувана, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

– Народе, вие давате и земате власт. Потребни се избори каде што ќе падне Заев. Ако овие луѓе останат на власт, Македонија ќе продолжи да губи. Затоа ова мора да престане и да се промени, а така ќе биде ако заминат од власт, рече Мицкоски.

Тој напомена дека ВМРО-ДПМНЕ не ја поддржува промената на Уставот со цел промена на идентитет, култура, историја и име, став кој бил темелен на партиската програма.

– ВМРО-ДПМНЕ смета дека промената на Уставот со цел промена на уставното име се направи на противуставен и противзаконски пат, со притисоци, пазарања, закани. За нас е значајно што одлуката е на 81 пратеник, но не и на македонските граѓани. Со ваквата одлука се суспендира волјата на граѓаните. Со Договорот од Препса се нанесува штета врз сегашните и идните генерации, рече Мицкоски.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Парите директно ќе продолжат да одат кај Вицето, по покуса патека

A1on

(ВИДЕО) Мицкоски: Оставката на Павле Богоевски е само сеење на магла во јавност со единствена цел тој да избегне кривична одговорност

A1on

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветувањето за поевтинување на сметките за парното се покажа како уште лага на власта

A1on

(ВИДЕО) Мицкоски: Стапката на ДДВ на сметките за затоплување дома си останува иста и е 18% и не е намалена на 5%

A1on

Се чека судбината на СЈО за да почне судењето за белата палата

Васко Маглешов

ВМРО-ДПМНЕ: Павле Богоевски треба да излезе и да каже дали е зависник од дрога или не е

A1on