Паскал Миљо: Тачи има поддршка од САД за идејата за промена на границите

Поранешниот шеф на албанската допломатија Паскал Миљо изјави дека косовскиот претседаел Хашим Тачи има амерканска подршка кога зборува за промена на границите меѓу Косово и Србија.

– Не е никаква тајна ако кажам дека претседателот Тачи изјави оти има американска подршка во врска со ова прашање. Верувам дека претседателот не може да игра со вакви капитални и важни нешта, доколку за такви големи движења, зад себе ги нема САД како наш стратешки партнер. Косово на крајот на краиштата е творба на САД, изјави Миљо при гостување на телевизиска емисија.

Според него, како што јави дописничката на МИА, зад ваквите идеи постои ангажираност на „најмоќната држава во светот“, која стои зад Косово.

– Дали мислите дека во одреден момент, САД ќе го жртвуваат Косово каде имаат стратешка воена база. Идејата дека во една држава постојат две линии, при што Стејт департментот е повнимателен, а Белата куќа е понапредна, доаѓа од стилот на актуелниот претседател на САД. Претседателот (Доналд) Трамп е подиректен и поиндивидуален. Тој има друг пристап кон Косово. Не знам до каде се преговорите, посои Миљо.

Би можело да ве интересира

Харадинај: Имаме докази дека хуманитарна криза во северно Косово е исценирана

A1on

Косовската Влада го повлече нацрт-законот за финансирање на партиите

A1on

ГРЕКО: Србија нема исполнето ниту една од 17-те препораки на СЕ за борба против корупција

A1on

Тачи: Ако оваа година не се разбереме со Србија, ќе влеземе во опасна зона

A1on

Иселувањето на младите ја чини Србија од 1,2 до 2 милијарди евра годишно

A1on

ВИДЕО: Поројни дождови го парализираа Белград, „гејзери“ се формираат на улиците, водата влегува во возилата

A1on