Претседателот на Светска банка поднесе оставка

Од:

Претседателот на Светската банка Џим Јон Ким ја напушта функцијата на 1 февруари, се наведува во соопштението од СБ.

Вршител на должноста претседател на СБ ќе стане Кристалина Георгиева, генерален директор на оваа институција, јави Би-Би-Си.

Џим Јон Ким стапи на должноста шеф на СБ на 1 јули 2012 година со мандат од пет години. Подоцна, Советот на директори на банката повторно го избра за претседател до 2022 година.

„Голема чест беше да служам како претседател на оваа извонредна институција, полна со страсни поединци, посветени на мисијата за ставање крај на екстремна сиромаштија”, се наведува во соопштението од Ким. Тој не ја соопшти причината за неговата оставка.

Исто така, не е наведено кое е неговото ново работно место. Извесно е дека тој ќе работи во компанија која се занимава со инвестиции во инфраструктурите на земјите во развој.

Бугарката Кристалина Георгиева до 2017 година работеше како комесарка за буџет и човечки ресурси во Европската комисија, предводена од Жан Клод Јункер.

Би можело да ве интересира

Димитриеска-Кочоска на средби во Светска банка: Континуитетoт во поддршката од СБ од голема важност за нашата развојна агенда

А1он

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на Годишните средби на ММФ и Светска банка

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

Наместо замрзнување на цените, да се обезбедат подобро платени работни места препорачува Светска банка

Светска банка: Македонија со најнизок економски раст во регионот