Меган и купи на Кејт специјален роденденски подарок

Од:

За само неколку дена, војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон ќе го прослави својот 37-ми роденден. Инаку, Војвотката не се подготвува за голема забава и оваа година ќе ја прослави со блиски пријатели, принцот Вилијам (36), родителите, принцот Хари (34) и неговата сопруга Меган Маркл (37).

Нејзината сестра Пипа (35) со сопругот Џејмс Метјуз (43) се на одмор и нема да дојдат.

Иако се зборува дека сопругите на принцовите се во лоша врска, Меган веќе купи специјален подарок за Кејт, пишува „Сан“.

Славеничката, наводно, споменала бренд на роковници што ја воодушевиле, а Меган побрзала да го купи токму тој. Станува збор за мал кожен роковник за запишување интимни мисли и соништа.

Пред еден месец, од Кенсингтонската палата се слушна дека Вилијам го предупредил својот помлад брат дека Меган не е „добар материјал” за сопруга, што принцот Хари целосно го игнорирал.

Сепак, сопругот на една од братучетките на принцовите, Мајк Тиндал (40) тврди дека сомнежите околу расправијата се лажни.

Тој откри дека принцовите и нивните жени комуницираат едни со други. Покрај тоа, тие имаат заеднички групен чет преку кој редовно се слушаат.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска