По одигрувањето на натпреварите од четвртфиналната фаза, формирани се двојките за полуфиналето на Светското хокеарско првенство за играчи до 20 години што се одржува во Канада.
Резултати во четвртфиналната фаза:
Шведска – Швајцарија 0:2
Канада – Финска 1:2 по продолжение
САД – Чешка 3:1
Русија – Словачка 8:3.
Двојки за полуфиналето:
Русија – САД
Швајцарија – Финска.
Полуфиналните натпревари ќе се играат во петок вечер, а дуелите за медали на програмата се викендот.