Либија ќе ги затвори границите со Ту нис и Египет од 14 до 18 февруари, како превентивна мерка во врска со празнувањето на двегодишнината од соборувањето од власт на Моамер Гадафи, изјави либискиот премиер Али Зејдан.
Тој на прес-конференција ги објави мерките за безбедност, кои имаат за цел да се спречат евентуални насилства во деновите на празнувањето.
– На полноќ на 14 февруари до 18 февруари никој нема да може да ги минува границите на Либија со Египет и Тунис, рече премиерот.
На 17 февруари Либијците ќе ја одбележат двегодишнината од соборувањето од власт на Гадафи со вооружен бунт. Празнувањата ќе почнат на 15 февруари. Моамер Гадафи беше убиен во октомври 2011 година, откако беше на власт 40 години.
Мерките за безбедност беа воведени, откако групи, кои се противат на сегашната Влада, упатија повик за мирни протести поради неспособноста на властите да ја гарантираат стабилноста во Либија.