Излезе филмот за најголемиот торент тракер во светот „The Pirate Bay“, а како што беше најавено во средината на јануари документарецот беше премиерно прикажан на 8ми февруари.
TPBAFK или The Pirate Bay: Away from Keyboard е режиран од Симон Клосе и ги следи животите на тројцата основачи на торент тракерот. Прикажани се судските просеци низ кои минаа Петер Шунде, Фредрик Неј и Готфрид Свратхолм, соочувањето со казна од 13 милиони долари од Холивуд, а додека трае сето тоа, фредерик инсталира нов компјутер во тајна серверска сала кој повторно ќе го крене на нозе пиратскиот сајт.
Филмот своја премиер имаше и во хаклабот „КИКА“, а наскоро може ќе има и уште една проекција. Целиот филм е достапен на YouTube.