Воена вежба на руската Црноморската флота на Крим

Од:

Баталјони на противбродски ракетен систем „Бал“ на руската Црноморска флота денеска имаа вежба на Кримскиот Полуостров.

– Баталјоните на противбродските ракетни системи „Бал“ на Црноморската флота ја завршија планираната вежба на Крим. Артилериските екипажи извршија мерки за промена на командните наредби и локации на подрачјата позиционирани на Кримскиот Полуостров откако заврши вежбата чија цел беше откривање на површински мети, се наведува во соопштението на руската Црноморска флота.

Ракетниот одбранбени комплекс „Бал“ со протибродска ракета Кх-35 осмислена е за контрола на територијалните води и теснеци, одбрана на поморските бази и други крајбрежни структури, како и одбрана на брегот во зони кои се ранливи на амфибиски напади. Системот може да погоди мета оддалечена 120 километри со ракета „Кх-35“ ракети и 260 километри со „Кх-35У“.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот