Претседателските избори во ДР Конго се одложени за 30 декември поради пожарот, кој уништи изборен материјал и електронски гласачки машини.
Во пожарот што пред една недела го зафати магацинот на Изборната комисија во Демократска Република Конго, изгореа илјадници гласачки кутии и електронски гласачки машини.
Гласањето беше закажано за 23 декември, но сега е одложено за 30. Ова е последното од неколку одложувања на изборите, првично предвидени да се одржат на крајот на 2016 година. Опозицијата стравува дека претседателот Жозеф Кабила бара начини да остане на власт.
Корнеј Нанга, претседател на Изборната комисија, рече дека вработените пронашле доволно машини за гласање за Киншаса, но треба да бидат отпечатени уште пет милиони гласачки ливчиња.
Нанга ги повика 40-те милиони гласачи во земјата на смиреност.