Деветмина загинати при експлозија на метан во рудник во Русија

Од:

Девет лица загинаа денеска при експлозија на метан во рудникот за јаглен „Воркутинскаја“ во руската автономна Република Коми, соопшти претставникот на Министерството за вонредни состојби на Русија, Елена Смирних.

Во време на експлозијата во рудникот имало 259 рудари, од кои 23 биле во делот каде се случил инцидентот. По експлозијата 18 рудари останале затрупани во рударската јама, но спасувачките екипи набрзо дошле до нив, при што се пронајдени деветмина загинати, а останатите деветмина се задобиле само со повреди.

Смирних прецизира дека експлозијата не предизвикала пожар во рудникот.

Рудникот е во сопственост на компанијата „Воркутаугол“, која е една од најголемите фирми во секторот за производство на јаглен во Русија. „Воркутинскаја“ е формирана во 1973 година и годишно произведува по околу 1,8 милиона тона јаглен. Компанијата поседува рудници чии резерви на јаглен се проценети на околу 40 милиони тони.

Би можело да ве интересира

Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила

А1он

Поранешен шеф на МИ-6 тврди: Европа е во војна со Русија

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Големиот напад на Русија врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети