Заедничката фотографија на познатиот актер и пејач потикна лавина коментари на интернет.
66-годишниот актер Мики Рурк и 56-годишниот пејач Аксел Роуз некогаш важеа за најпосакувани мажи на светот по кои жените лудуваа.
Меѓутоа, годините ги стигнаа славните ѕвезди, а поради сличниот имиџ кои и двајцата го имаат, нивната заедничка фотографија стана многу популарна на друштвените мрежи.
Еден од нивните обожаватели ги сликаше Рурк и Роуз на бокс меч кој заедно го следеле, а кога ќе ги видите ќе сфатите зошто многумина на прва помислија дека станува збор за две повозрасни, симпатични госпоѓи.