Алтун: Конзулот на Саудиска Арабија во Истанбул е соучесник во убиството на Кашоги

Од:

Официјална Анкара денеска истакна дека светот треба да побара правда за убиениот саудиски новинар Џамал Кашоги согласно меѓународното право, откако Ријад исклучи екстрадиција на двајца високи функционери кои турските власти ги сомничат дека го планирале убиството во Истанбул.

Фахретин Алтун, шефот за Одделот за комуникации во Кабинетот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, истакна дека изјавата на министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија, Адел ал-Џубеир, дека Ријад нема да ги испорача своите државјани осомничени за убиството на Кашоги, е разочарувачка, пренесе агенцијата Анадолија.

– Саудиски разузнавачи, меѓу кои и експерт за обдукција, дојдоа во Турција да го извршат ова убиство. Очигледно е дека генералниот конзул на Саудиска Арабија во Истанбул е соучесник во ова злосторство. Крајно природно е во вакви околности, на убијците да им се суди пред турските судови, рече Алтун.

Тој додаде дека барањето на Турција за екстрадиција им даде можност на судските органи да му покажат на светот дека се подготвени да ги откријат сите детали за убиството на Кашоги.

Алтун нагласи дека одбивањето на испорачувањето на убијците на Кашоги само ќе ги оправда наводите на оние кои ја обвинуваат Саудиска Арабија за прикривање на убиство.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

ВИДЕО: Снег во Саудиска Арабија

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“