Милиони хиндуси денеска влегуваат во студените води на светата река Ганг во Индија за време на религиозниот ритуал, со кој, како што се верува, се „измиваат гревовите, се ослободуваат од кругот на смртта и започнуваат круг на ново раѓање“.
Овој ден (недела) се смета за најважниот на фестивалот Кумбх Мела, кој трае 55 дена и претставува еден од најмасовните светски религиски настани. За време на фестивалот неколку милиони луѓе доаѓаат на капење во реките Ганг и Јамуна во индискиот град Алахабад.
Се очекува до крајот на денов во водите на овие две реки да влезат околу 30 милиони луѓе.
Според верувањата на хиндусите постојат шест поволни дена за капење во Ганг и Јамуна, кои се одредени врз основа на поклопување на ѕвездите.