Истрагата на ФБИ за Русија и изборите во САД првично била против четворица Американци, меѓу кои не бил Трамп

Од:

Истрагата на ФБИ за наводните обиди на Русија да се меша во претседателските избори во САД во 2016 година првично се водела против четворица американски државјани, и Доналд Трамп не бил меѓу нив.

Ова го изјавил поранешниот директор на Федералното истражно биро (ФБИ) Џејмс Коми на сослушување пред комисиите за правда и за надзор во Претставничкиот дом.

– Почнавме истрага против четворица Американци, за да видиме дали има врска меѓу овие четворица Американци и руските обиди за мешање, рекол Коми на сослушувањето зад затворени врати во петокот.

Тој не ги кажал имињата лицата кои биле под истрага и само рекол дека Трамп не бил меѓу нив, но оти четворицата биле поврзани со него.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте