Руски суд му одреди домашен притвор на лидерот на опозицијата Сергеј Удаљцов до 6 април поради обвинение дека поттикнува масовни немири со цел да го собори од власт претседателот Владимир Путин.
Судот Басмани во Москва одговори на барањето на истражните судии, кои изјавиja дека Удаљцов не се однесува соодветно и не соработува со властите. Судијата истакна дека Удаљцов може да се обиде да побегне во странство и да се обиде да ги спроведе своите криминални намери.
Лидерот на опозицискиот лев фронт, кој досега имашe забрана за патувања надвор од Москва, би можел да добие затворска казна од 10 години.
Властите почнаa истрага против 35-годишниот опозиционер откако државната телевизија во октомври минатата година емитуваше документарен филм, според кој Удаљцов планира бунт против владата на Путин. Лидерот на руската опозиција ги отфрли ваквите обвинувања.