Nissan претстави специјалното издание на својот атрактивен модел GT-R, кој ја носи ознаката Track Edition, на саемот за автомобили во Чикаго.
Автомобилот ќе биде достапен за купувачите од мај, а ќе има 3,8 литарски V6 мотор, кој со помош на двата турбо полначи развива 545 коњски сили и има обртен момент од 627Nm.
Таа сила се пренесува на тркала преку 6-степениот секвенционален менувач со две споијки.