Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг смета дека намерата на Косово да ги трансформира своите безбедносни сили во војска доаѓа во погрешно време и дека е против препораките на голем број членки на НАТО. Тој предупреди дека тоа може да има сериозни последици по евроатлантските интеграции на Приштина.
Столтенберг вели дека министрите од земјите-членки ја разгледувале оваа намера на Косово. Според него, тоа е во спроитвност со препораките на голем број НАТО сојузници.
Генералниот секретар на НАТО нагласува дека ги поддржува безбедносните сили на Косово во сегашниот мандат и дека секоја трансформација мора да биде во скалд со Уставот.
– Тоа што сега го најавија се случува без консултации на НАТО и другите земји, како и без инклузувност во самиот процес во Косово, вели Столтенберг.
Тој повтори дека доколку мандатот на безбедносните сили се промени, НАТО ќе мора да го преиспита својот ангажман во Косово.
Столтенберг ги коментираше и царините кои Приштина ги воведе за стока од Србија. Според него тие го отежнуваат дијалогот меѓу Приштина и Белград.
– Ги охрабруваме Белград и Приштина да се воздржат од провокативни чекори и изјави и да направат комромиси за да напредуваат кон подобра иднина, вели Столтенберг.