Бренсон ќе ја истражува Голема сина дупка во Белизе

Од:

Милијардерот и основач на авиокомпанијата „Вирџин“, Ричард Бренсон се придружи на нова мисија, која има за цел да ја реши најголемата мистерија на океаните, Големата сина дупка во Белизе.

Бренсон заедно со Фабијан Кусто, внук на истражувачот Жак Кусто, ќе се обидат да откријат што се наоѓа на дното на Големата сина дупка, која е широка 300 метри, а длабока околу 125 метри.

Големата сина дупка откриена е во 1971 година од страна на Жак Кусто.

Речиси половина век подоцна Големата сина дупла стана хит помеѓу нуркачите, но и понатаму е неистражена.

Се претпоставува дека Големата сина дупка некогаш била пештера, додека се уште била на копно.

Големата сина дупка ќе се истражува со помош на специјална подморница.

Истражувањето денеска ќе се емитува во живо на каналот Дискавери.

Би можело да ве интересира

Богата девојка уби полицаец, но нема да оди во затвор: Судот ја осуди на парична казна

Горан Наумовски

Американските власти му дозволија на милијардерот Брeнсон да носи луѓе во Вселената

Жарко Настоски

(ВИДЕО) Белизе бенд: Не се срами, не се плаши, супер апаш да си

Ана Ололовска