Кримскиот суд денеска наложи притвор од два месеци за еден од 24-те украински морнари, кои Русија ги притвори минатиот викенд по инцидентот кај Керченскиот Теснец близу Крим.
Денеска ќе бидат одредени мерките за 12 од 24 приведени морнари.
Првиот што доби 60-дневен притвор е Владимир Варимез обвинет за илегално преминување на границата. Доколку биде осуден, со соочува со затворска казна во траење до шест години. На рочиштето тој се изјасни за невин.