Ал Пачино во улога на „Кралот Лир“

Од:

Ал Пачино се подготвува да биде ѕвезда на нова филмска адаптација на Шекспировата трагедија „Кралот Лир“. Режисер на новиот филм ќе биде Мајкл Радфорд.

Седумдесет и осум годишниот Пачино стана светски познат по улогата на Мајкл Корлеоне во трилогијата „Кум“.

Мајкл Радфорд беше номиниран за „Оскар“ за филмот „Поштарот“. Продуцент на новиот филм ќе биде Бери Навиди. Двајцата работеа заедно и на друг филм адаптиран според Шекспирова драма – „Венецијанскиот трговец“ (2004), кој доби позитивни критики. На Пачино тогаш му беше доверена улогата на Шејлок.

„Кралот Лир“ е филм во кој секој би сакал да учествува. Ал Пачино одамна ја разгледува можноста да влезе во улога на Кралот Лир. Има значајна разлика меѓу ликот на Шејлок кој се појавува само во пет сцени во „Венецијанскиот трговец“, и оној на Кралот Лир, кој ќе биде во речиси секоја сцена од новиот филм“, изјави Радфорд за весникот „Обсервер“.

Снимањето треба да започне следната есен. Филмот ќе биде снимен во Велика Британија.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска