Француските војници денеска воспоставија контрола врз градот Тесалит, едно од последните утврдувања на исламистичките вооружени групи во североисточниот дел на Мали, по операцијата на специјалните единици.
Ова во Париз го објави портпаролот на Генералштабот на француските вооружени сили, полковник Тиери Бјуркар, цитиран од француските медиуми.
Воздушно-копнената операција за заземање на Тесалит беше спроведена изминатата ноќ.
Француските командоси извршија воздушен десант на аеродромот во градот, прецизира полковникот Бјуркар.