Импровизирана бомба со шајки е пронајдена денес во катедралата Алмуден, во туристичкиот кварт на Мадрид. Портпаролот на мадриската бискупија изјавил дека еден свештеник ја пронашол бомбата која била фрлена во канта за отпадоци.
Тој веднаш дал наредба сите да излезат од катедралата и да ја известат полицијата, која успеала да ја деактивира направата, без да предизвика материјална штета.
Катедралата Алмуден, посветена на истоимената светителка, заштитничка на шпанската престолнина, е една од најпосетените споменици во Мадрид.