Тим боливиски археолози откри гробница со повеќе од 100 артефакти и човечки останки стари над 500 години.
Првичните податоци говорат дека тука биле погребани припадници на племето Пакахи кои се одликувале со вештачки издолжени черепи. Министерството за култура и туризам ги одобри археолошките ископувања по случајните наоди близу нов рудник.
Министерката, пак, смета дека наоѓалиштето е „едно и единствено од таков вид“.