Утре во Кисела Вода, љубителите на спортот ќе имаат можност бесплатно да проследат големо женско кошаркарско дерби.
Во спортската сала „Независна Македонија“ сениорската екипа на ЖКК „Бадел 1862“ на домашен терен ќе ги одмери силите со тимот на ЖКК „Шкупи – Скопје“.
Почетокот на натпреварот кој ќе се одигра во рамки на петтото коло од првата кошаркарска лига е од 12:00.
Додека, истиот ден девојките на јуниорската екипа на „Бадел“ на гостински терен ќе игра за победа против тимот на ЖКК „Крива Паланка“.
Утре уште еден клуб од Кисела Вода во Крива Паланка ќе се бори за победа. Во рамки на втората кошаркарска лига – исток, кошаркарите на „Академија ФМП“ ќе и спортивстават на екипата на КК „Крива Паланка“.