Плацебо ефектот е во гените?

Од:

Ново истражување на шведски научници покажало дека ефектот што го има плацебото на човекот би можело да биде запишано во гените.

Плацебо или „лажна таблета“ главно се користи во клиничките испитувања за споредување на ефикасноста на тестираниот лек.

Плацебо во најголем дел се состои од шеќер, и нема никаква медицинска важност, освен што изгледа како вистинска таблета.

Меѓутоа, одделни пациенти покажуваат значително заздравување по земањето плацебо и научниците од Шведскиот Универзитет Упсала тоа го поврзаа со гените.

– Колку што знаеме, тоа е првпат некој да ги поврзе гените со плацебо ефектот, рече Томас Фурмарк за списанието „New Scientist“ во кое се објавени и резултатите од истражувањето.

Истражувачите собрале 25 луѓе кои имале страв од јавни настапи и ги замолиле да одржат говор на почетокот и на крајот од осумнеделното испитување.

Во текот на испитувањето на учесниците им е даван лек за кој тие верувале дека е ефикасен, но всушност се работело за плацебо.

Десет учесници одговориле подобро од другите на тој вид „лекување“ и истражувачите откриле дека осум од десет од испитаниците имале две копии на посебна варијација на ген за серотонин, еден од невротрансмитерите во мозокот, а ниту еден од учесниците кој не одговорил на „лекувањето“ ги немал двете копии на гени.

Би можело да ве интересира

Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не смеат да работат во земјата оти се пишале Бугари

A1on

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска