Двајца осуденици се самоубија чекајќи ја смртната казна

Од:

Двајца осуденици на смртна казна, се пронајдени мртви во својата ќелија во затвор во Калифорнија. Првичните податоци говорат дека обајцата извршиле самоубиство, во период од само околу 30 часа.

Aндрe Урдијалес (54), поранешен американски војник, во петокот е пронајден мртов во затворот Сент Квентин. Тој на 5 октомври беше осуден поради убиство на пет жени во Калифорнија.

Другиот затвореник е Вирендра Говин (51), осуден на смрт во 2004 година, за убиство на четиричлено семејство, по што го запалил нивното живеалиште. Говин е пронајден мртов во својата ќелија во неделата.

Во Калифорнија смртна казна не е извршена од 2006 година, бидејќи осудениците најчесто умираат од старост или се самоубиваат.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија