Австралиски граѓанин беше осуден на 10 години затвор за поттикнување на неговата сопруга на самоубиство, што е прв таков случај во светот.
Греам Морант е 68-годишен маж, за кој се веруваше дека е клучен фактор во планирањето и извршувањето на самоубиството на неговата сопруга во 2014 година.
Според Би-би-си, Морант ја мотивирал својата сопруга да се самоубие за да го добие нејзиното осигурување за живот од 1,4 милиони долари.
Госпоѓа Морант страдаше од хронична болка, депресија и анксиозност, но таа не беше смртно болна, пишуваат медиумите.
Ова е првпат некој во светот да биде осуден за поттикнување на самоубиство, рече судијата.