Непознати лица насилно влегле во викендичката на легендата на хрватскиот фудбал, Ќиро Блажевиќ во Краљевица и зеле поголема сума пари и скапоцености, пишува „Нови лист“.
Ќиро вели дека и порано му влегувале некои ситни крадци, во потрага по дресови … тој подоцна им оставал порака, објаснувајќи им каде се клучевите за да не разбиваат непотребно. Но, според него, овие биле професионалци. Тие знаеле точно што и каде да побараат.
Од сефот му украле многу пари, но и еден прстен од жена му, во вредност од 100 000 франци, што го купил во Париз по освојувањето на бронзениот медал на Светското првенство во Франција. Тој додаде дека му украле и еден пиштол што му го подарил Гојко Шушак.
Сефот бил швајцарски и Ќиро бил убеден дека е невозможно да се обие.