Четири децении од смртта на Никола Мартиновски

Од:

На денешен ден се наврушуваат 40 години од смртта на македонскиот ликовен уметник, педагог и академик Никола Мартиновски.

Мартиновски е еден од основачите и прв директор на уметничкото училиште во Скопје. Неговите уметнички дела се наоѓаат во колекциите на повеќе музеи и галерии, како и во голем број приватни колекции во земјата и во странство.

Роден е во Крушево, на 18 август 1903 година. Дипломирал на Школата за убави уметности во Букурешт во 1927 како најдобар студент за таа година. Во 1927 и 1928 година претстојувал во Париз, a по враќањето во Македонија, освен воведувањето на европските модерни сликарски тенденции карактеристични за Париската школа, на овие простори се истакнувал и со својата општествена активност.

Имал повеќе самостојни изложби пред и по војната. Првата изложба му била во 1929 во Скопје, по што следувале изложби во Белград, Загреб, Љубљана, Париз, Дижон и други места. Групно изложувал во многу европски земји и во земјата. Пред војната изработил и неколку мурали во Скопје.

martinovski

Тој е главен иницијатор за формирање на Национална галерија на Македонија, а неколку месеци по нејзиното основање го превзема управувањето со неа како нејзин директор. На таа функција ќе остане до крајот на својот живот.

Беше редовен член на Македонската академија на науките и уметностите.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска