Шпанската полиција притвори тројца свои државјани, поради поседување на 4 тони кокаин, вреден околу 250 милиони евра. Наркотикот бил пронајден во магацин, во источниот град Елче.
Според полицијата станува збор за една од најголемите заплени на кокаин во Шпанија, кој требало да се испорача во Европа.
Полицијата во 2006 година заплени три тони наркотици, на еден од бродовите во близина на Канарските острови.