Дизајнерката Синтија Сода од застарен дом создаде модерно живеалиште со впечатлива црно-бела палета на бои и можност за доградување нов кат.
Помеѓу дневната соба и кујната е вграденото биро, кое нуди еден релативно нов концепт и освежување на животниот простор, иако дизајнерката се потрудила куќата да си го задржи својот ретро-изглед.
Тука е и каминот на гас и мебелот кој само изгледа старо, за да се доловат 80-те години на 20-от век.