По вечерашниот состанок на бордот на директори на Реал Мадрид, „Кралскиот“ тим соопшти дека го раскинува договорот со тренерот Хулен Лопетеги.
Како што пишува со соопштението на Реал Мадрид, ова е одговорна одлука, донесена за да се смени динамиката на тимот со цел остварување на зацртаните цели.
„Реал Мадрид има 8 кандидати за освојување на Златната топка, нешто што досега сме го немале, а резултатите оваа сезона не го покажуваат тој квалитет“, се вели во соопштението на Реал Мадрид.
Од тимот му се заблагодаруваат на Лопетеги за неговата работа и му посакаа се најдобро во кариерата.
Тимот привремено ќе го води Сантијаго Солари, додека се најде нов прв тренер.
Според медиумите, наследник на Лопетеги ќе биде Антонио Конте. Дел од медиумите објавија дека агентот на Конте веќе остварил средба со Флорентино Перез.