Украинската тенисерка Елина Свитолина се пласираше во финалето на завршиот ВТА турнир во Сингапур.
Таа во полуфиналниот натпревар беше поуспешна од холандската тенисерка Кики Бертенс и по два часа и 42 минути игра ја совлада со 7:5, 6:7 (5-7), 6:4.
Свитолина за титулата во Сингапур ќе се соочи со подобрата од натпреварот помеѓу Слоун Стивенс и Каролина Плишкова.