Холандската тенисерка Кики Бертенс се пласираше во полуфиналето на завршиот ВТА турнир во Сингапур, откако Наоми Осака од Јапонија го предаде натпреварот во третото коло од „црвената група“.
Осака беше принудена да се повлече поради повреда, откако двете тенисерки одиграа само еден сет, кој го доби Бертенс со 6:3.
Вториот патник во завршната фаза од „црвената група“ ќе биде познат по натпреварот меѓу Слоан Стивенс и Анжелик Кербер.
Од „белата група“ пласман во полуфиналето обезбедија Елина Свитолина и Каролина Плишкова.