Новиот Луј Витон ранец направен од ретка крокодилска кожа, чини 79.000 долари, цена по којашто може да се купи еден луксузен, или повеќе просечни, секојдневни автомобили, на пример.
За сето тоа да изгледа полуксузно, ранецот има и прстени од квалитетна кравја кожа, како и постава од телешка кожа. Има и два џеба со патент, еден внатрешен и еден однадвор, но и двоен џеб однатре.
Ранецот е дел од машката колекција есен-зима 2018, а може да се купи во бутиците на Луј Витон, како и преку нивната интернет-страница.