Конгоански бунтовници убија 15 цивили и киднапираа 12 деца во област погодена од ебола

Од:

Конгоански бунтовници убија 15 цивили и киднапираа 12 деца во напад во област погодена од епидемија на ебола, соопшти армијата на Демократска Република Конго.

Насилството предизвика привремен прекин на напорите за спречување на ширењето на вирусот. Светската здравствена организација го осуди нападот. Нејзин регионален претставник изјави дека не е познато колку долго ќе има прекин во борбата со вирусот.

Бунтовници оd Обединетите демократски сили (ОДС) нападнале воени позиции и неколку квартови во градот Бени, соопшти претставник на армијата. Мировната мисија на ОН соопшти дека нејзини војници учествувале во престрелка со бунтовници во Бени.

Бунтовниците од Обединетите демократски сили (ОДС) во последните години убиле стотици цивили и се само една од вооружените групи кои дејствуваат во североисточниот дел на земјата.

Минатиот месец, напорите за спречување на ширењето на вирусот на ебола во Бени беа прекинати неколку дена поради смртоносен напад. Од тогаш има извештаи за многу нови случаи на ебола во градот што ги загрижува хуманитарните организации.

Друга бунтовничка група застрела двајца здравствени работници кои работеле за конгоанската армија. Тоа беше прв случај на убиство на медицински работници во сегашната епидемија.

Министерството за здравство соопшти дека тоа е „мрачен ден“ за сите кои се борат против вирусот.

Досега има 200 потврдени случаи на ебола, а 117 лица починале.

Би можело да ве интересира

400 загинати во поплавите во Конго, преживеаја две бебиња, кои плутаа по езеро

Ана Ололовска

Претоварен моторен чамец потона во река во Конго, најмалку 145 лица се водат за исчезнати

Ана Ололовска

Хрвати посвоиле 131 дете од Конго, ќе се проверува легалноста на сите случаи

А1он

ЕУ испраќа 2,3 милиони евра хуманитарна помош за Конго

А1он

Во Конго има 26 милиони гладни, тврдат хуманитарните агенции

Претседателот на Конго ја обвини Руанда дека сака да ја окупира неговата земја за да го украде златото

Ана Ололовска